Дигитална библиотека

divider1

Дигитална библиотека е веб-страница, која има за цел да ги презентира изданијата на Институтот за македонска литература во Скопје

ПОДДРЖАНО ОД

05_logo_mkultura_h_c_mk1
ins_znak

Проектот е реализиран со материјална поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија

Проектен тим
д-р Сарита Трајанова, координатор
м-р Билјана Јоновска-Стефковска, главен соработник за обработка и внесување податоци
д-р Тамара Ќупева, научен соработник за проверка на податоци
Гунтер Кубе, дизајн и веб развој

За нашиот проект

Дигитална библиотека опфаќа дигитализација на ретки и исцрпени изданија (зборници) на Институтот за македонска литература со цел да ги направи лесно достапни до заинтересираната јавност. Проектот има и долгорочна цел – во континуитет, да се надополнува со сите понови колективни изданија на Институтот.
Застапените изданија ги има во печатена форма во Библиотеката на Институтот каде што се заведени и каталогизирани. Во најголем дел овие печатени изданија се исцрпени, а поради актуелноста на содржините за нив постои интерес од страна на корисниците. Со обезбедувањето електронска верзија на изданијата ќе се овозможи не само нивна заштита, туку и поширока читаност во земјата и странство.

КНИГИ
50%
ЗБОРНИЦИ
70%
ТРУДОВИ
85%
АВТОРИ
35%

ДИГИТАЛНИ ЗБИРКИ

ЗБОРНИЦИ I
МАКЕДОНСКИТЕ КНИЖЕВНИ ДЕЈЦИ

Дигитализирани 19 зборници на научни трудови

ЗБОРНИЦИ II
КНИЖЕВНИ ЖАНРОВИ И МАКЕДОНСКО-СТРАНСКИ КУЛТУРНИ РЕЛАЦИИ
МАКРОПРОЕКТИ
ИСТОРИЈА И РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

ПРВА ДИГИТАЛНА ЗБИРКА

ЗБОРНИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КНИЖЕВНИ ДЕЈЦИ

divider1

Првата дигитална збирка Зборници за македонските книжевни дејци е посветена на значајни личности од македонската книжевна и културна историја. Автори на научните трудови се истакнати книжевници и специјалисти од областа на науката за литературата и сродните дисциплини поврзани со историјата, фолклорот, филозофијата, етнологијата, културологијата и сл.
Во Дигитална библиотека постои можност да се пребарува по име на автор, наслов на труд, клучни зборови и сл

ПРЕПОРАЧУВАМЕ

divider1

Зборникот БЛАЖЕ КОНЕСКИ – 80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО е повторно актуелен со оглед на тоа што во 2018 година се одбележаа 70 години од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта на авторот (1921-1993).

НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ЗА НАС

divider1

Нашите први пријатели се соработниците кои работеа на содржините на проектот и очекуваме бројот на пријатели да се зголемува.

  • Креирањето на една ваква електронска библиотека е особено корисно за истражувачите од странство, за македонистите, за лекторите кои се посветени на задачата да ја истражуваат и со тоа популаризираат македонската литература и култура.

    Билјана Ј. С.
  • Се зголемуваат дигиталните содржини на македонски јазик, се афирмира македонското литературно творештво во земјата и во странство.

    Ивана. Л.
  • Проектот претставува поддршка на професорите и истражувачите, вработените во установите од областа на културата, студентите на сите циклуси на високото образование и талентираните ученици во средното и основното образование.

    Славица П.

ТЕЛЕФОН

Институт за македонска литература – Скопје

389 2 3220 309

EMAIL

info@e-biblioteka.mk

www.iml.edu.mk

Start typing and press Enter to search